Ава 2050: Инфлуенсерка на иднината или хорор маскотата на Инстаграм?

Свет во кој „совршените селфиња“ оставаат трајни брчки, косата веќе не ги следи трендовите, а лицето изгледа како 3D модел од застарена видео игра. 

Добредојдовте во 2050 година — времето кога експертите од Casino.org ја замислија просечната инфлуенсерка на иднината и ѝ го дадоа името Ава.

Само што Ава не наликува на ѕвезда од ТикТок, туку на лик од хорор филм. Со постојано свиткан врат, болки во грбот и лице кое повеќе личи на „вештерка филтер“ отколку на убавина, таа е симбол на дигиталната преоптовареност. 

Претераната употреба на филери довела до деформации на лицето, а бескрајните слоеви шминка и силното осветлување оставиле кожа со дамки и воспаленија — како да снимала туторијали во лабораторија од научна фантастика.

Ава има подочњаци поголеми од бренд ташна и поглед кој ја одразува цената на бескрајните „бјути“ експерименти. 




По години фризури и третмани, косата ѝ е проредена, со залиски и знаци на ќелавост. Наместо „викторија сикрет ангел“, повеќе наликува на „вини дизел естетика“.

Ава е предупредување – дигитален дух на модерниот гламур. Премногу филтри, премногу опсесија со совршенство и премалку реалност. Зашто, ако денес го славиме „перфектниот фид“, утре можеме сите да завршиме како Ава – дигитални сенки со замрзнат осмев и празен поглед.