„350 колеги, 30 продавници и повеќе од 70.000 лојални корисници- ќе продолжиме да бидеме компанија број 1 во Македонија“: Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group
Компаниите постигнуваат успех благодарение на ресурсите и способностите што ги имаат, а улогата на основачот/менаџерот и неговиот/нејзиниот тим е да ги дефинира/развива и да ги користи во најдобар можен начин, со цел да се постигне успех на пазарот. Многу луѓе веруваат дека идејата е клучот за успехот на бизнисот, а ова е веројатно една од најчестите заблуди поврзани за него. Има мал милион нешта кои ја создаваат целокупната слика за успех...
Fashion Group е една од водечките модни компании кај нас. Дводецениското траење на пазарот е потврда за успехот кој секогаш е во подем. Оваа голема компанија беше меѓу првите во самостојна Македонија која донесе светски познати модни брендови, а нивниот број до денес расте.
Леонид Антиќ е член на Управен одбор на Fashion Group. Исклучително паметен, со лидерски карактеристики, секојдневно допринесува компанијата да оди чекор напред пред другите. Со него разговараме на многу теми поврзани за бизнисот, за приватноста, за животните предизивици...
ЖМ: Скоро две децении Fashion Group е една од водечките модни компании кај нас и пошироко. На што се должи успехот?
- Во ерата на хипер-конкуренцијата, успехот во корпоративниот свет и долгогодишната оддржливост во истиот се комплексна равенка со многу варијабли, но, верувам дека нашата успешна приказна најчесто се темели на три бедеми.
Првиот, е здравата корпоративна култура која ја дефинира и сочинува човечкиот фактор, нашите беспрекорно лојални и стручни тимови. Повеќе од 350 колеги кои својата работа ја извршуваат со апсолутна професионалност, посветеност и големо задоволство, како и 30 продавници и повеќе од 70.000 лојални корисници. Корпоративна култура која поттикнува работливост, транспарентност во комуникацијата, меритократски евалуации, емпатија, креативност, несебично споделување на корпоративното знаење и искуство, но, и непрестаен стремеж за континуирана надградба и достигнување на нови цели.
Вториот, е ефикасната организација и контрола на секојдневните оперативни процеси која постојано го следи актуелниот технолошки стандард. Во свет кој е се’ повеќе дигитализиран и се’ побрз, а „retail fashion“ сегментот е олицетворение на овој нов дух. Оперативните одлуки се носат во се’ помал временски рок, податоците се со растечки обем, а барањата на клиентите се поперсонализирани. За да се одговори на овие предизвици, но и за да се следи објективно квалитетот на работата е неопходна адекватна методологија на следење, која секогаш се трудиме да е поддржана од најновите технолошки унапредувања.
Третиот се сите надворешни соработници на Fashion Group групацијата, кои неуморно и долгогодишно ги подржуваат нашите напори, и се сопатници во нашата успешна, 20-годишна приказна.
Трите, се взаемно инклузивни и неопходни. Корпоративната култура е „душата“ на компанијата која е еден збир на одредени колективни вредности кои се негуваат и поттикнуваат. Организацијата и систематизацијата пак, гарантираат одредено ниво на квалитет кое го испорачуваме сите овие години. Надворешните соработници ја комплетираат целокупната слика, надополнувајќи ги нашите капацитети секаде каде што е потребно.
ЖМ: Изминатите години поставивте навистина високи стандарди во retail секторот во Македонија... Како успевате да се задржите на врвот?...
Целиот текст на ЖЕНСКИ МАГАЗИН