7 скриени трикови со средно копче на глувчето за кои речиси никој не знае
Средното копче на глувчето е многу покорисно отколку што
мислевте.
Средното копче на глувчето најчесто се користи за две дејства - отвораме врски во нови јазичиња во веб пребарувачи и ги затвораме.
Но, средното копче на глувчето може да се користи за многу повеќе работи, само повеќето луѓе не се свесни за тоа.
Обидете се со овие седум одлики во пребарувачите Chrome и Firefox.
1. Среден клик на стрелката а враќање назад - отворате претходна веб-страница во нов таб.
2. Среден клик на стрелката напред - ја отвора следната страница во нов таб.
3. Средно кликнување на копчето за освежување - отвора освежената верзија на страницата каде што сте во нов таб
4. Среден клик на копчето Home - ја отвора почетната страница во нов таб
5. Среден клик на auto-suggest додека внесувате специфична интернет адреса во полето за пребарување на интернет пребарувачпт – го отворете тоа пребарување / резултат во нов таб
6. Среден клик на bookmark - отворете bookmark во нов таб
7. Среден клик на bookmark групата – ги отварате сите bookmark страници во нови табови