А1 Македонија со ново бизнис-портфолио: Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници

А1 Македонија го лансираше новото А1 Business Ultra портфолио на мобилни тарифи за деловните постпејд корисници, креирано да обезбеди голем број придобивки за компаниите.

A1 Business Ultra тарифното портфолио има 5 нови тарифни модели за корисници што ќе активираат нови или ќе ги обноват своите постојни мобилни линии на 24 месеци како и еден тарифен модел без договорна обврска – A1 Business Ultra SIM.

Сите тарифни модели, покрај вклучените неограничени национални разговори и СМС, бесплатни национални GB и други поволности, преку апликацијата Мојот А1 на корисниците им овозможуваат и користење на опцијата Пакет по избор,со која секој месец можат да се избираат бесплатен пакет за меѓународни разговори, интернет или разговори во роаминг. Тарифите A1 Business Ultra M, A1 Business Ultra L и A1 Business Ultra XL имаат можност за неограничен 5G интернет,како и дополнителен бенефит за услугата Roadside Assistance – Помош на пат, со промотивен бесплатен период од 3, 6 или 12 месеци во зависност од тарифата. Услугата Roadside Assistance – Помош на пат претставува асистенција и поправка на возила до 3,5 тони. Оваа услуга овозможува користење помош на пат во случај при дефект на возилото, невнимателно ракување, но и надворешни влијанија или сообраќајни незгоди.

„Во изминатите 5 години се докажавме како компанија што е вистински партнер на бизнис-ентитетите во земјата. Нашата понуда од врвни дигитални решенија, голем број ИКТ-производи и услуги, па сè до она без кое една модерна компанија денес не би можела да функционира – беспрекорен интернет и врвни телекомуникациски услуги, им овозможува на корисниците непречено и со голема ефикасност да ги извршуваат своите операции. Во оваа насока е и новото портфолио на мобилни тарифи, кое на корисниците им нуди супериорен пакет на услуги, со голем број бенефиции, во склад со нивните потреби за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси во секое време, додека се во земјата и во странство“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

Деловните корисници можат да потпишат договор за некој од тарифните модели на A1 Business Ultra заедно со фиксните услуги од A1 Combo Business, а во промотивниот период за договор за A1 Combo Business M со две мобилни линии од A1 Business Ultra M, имаат можност за искористување субвенција за набавка на уред од 33.000 денари во согласност со нивните потреби.

ПР објава