American Express летно изненадување во Охрид, Струга и Вевчани

Силк Роуд Банка за корисниците на American Express картичките во месец Август подготви кампања со ресторани во туристичките места Охрид, Струга и Вевчани.

Корисниците на дебитни и кредитните картички на American Express со секоја трансакција направена на ПОС терминал во доле наведените ресторани ќе добиваат од 5% до 15% поврат на средствата од износот на направената трансакција со некоја од картичките.

Празничното/летно изненадувањето со American Express картичките во градовите Охрид, Струга и Вевчани започнува од денес 01.08.2019 и ќе трае се до 31.08.2019 година.

Ресторани вклучени во кампањата се:

Ресторан Тино центар (Хотел Тино) 15%

Ресторан Св. Софија 10%

Ресторан Уна Сакра Виа 10%

Ресторан Потпеш Охрид  10%

Ресторан Острово  10%

Ресторан Коза Ностра Охрид 15%

Куба Либре Охрид 10%

Ресторан Лихнидос Охрид 10%

Версус Струга 10%

Виа Игнатиа Вевчани 5%