Балканот фасциниран од Пандев: Дури го направија светец- буквално
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа испиша нова страница во својата историја, а повторно по кој знае кој пат најзаслужен за големото славје и пласманот на Европското првенство беше нашиот капитен Горан Пандев.
Иако зад себе има одиграно голем број финалиња и има постигнато безброј голови, сигурно, синоќешниот за победа над Грузија е негов најдраг во кариерата.
Но, еве со какви наслови излегоа балканските медиуми, изразувајќи целосна поддршка и воодушевување:
„Соседската правда е задоволена: Пандев во 38. година ги испрати Македонците на ЕП“ , „Ти си бисер балкански“, „Пандев испиша историја на Македонија, па заплака како дожд“ , Никој не може да го оспори Горан Велики“, „Пандев за историја, Македонците првпат на ЕП“, „Еден, но вреден: Македонија првпат на ЕП, ја одведе ветеранот Пандев“...