Бен Афлек виден со атрактивна русокоса: Покрај неа блеска, тој е сосема друг маж - работите стануваат сѐ појасни
Сите светски медиуми објавија дека Џенифер Лопез и Бен Афлек
се разведуваат. Гласините се шират веќе некое време бидејќи неколку пати се
видени како се расправаат во јавноста, а Бен на сите фотографии редовно изгледа
или луто или депресивно, така беше и овој пат, кога беше фатен на улиците на
Брентвуд, Калифорнија .
Имено, Бен Афлек е виден како излегува на ручек еден ден откако го помина празникот Денот на независноста далеку од Џенифер Лопез, но за разлика од моментите кога е со пејачката во јавност, овој пат имаше широка насмевка на лицето, што е реткост за овој актер.
Актерот сега е фотографиран како влегува во ресторан, одвојувајќи време за пријателски разговор со мистериозна русокоса, на која и упати широка насмевка. Овој собир дополнително ги подгреа шпекулациите за неговиот развод со Џеј Ло, со која не го ни помина Денот на независноста.
Да потсетиме дека Бен Афлек и Џенифер Лопез се верија пред повеќе од 20 години, а потоа во ноември 2022 година потврдија дека повторно се вериле по две децении разделба. И двајцата со други имаа деца и изградија семејства, но потоа сфатија како треба да бидат заедно.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: Инстаграм