CARAPACE- јахтата која се трнсформира во подморница

Запознајте ја Carapace, ултра луксузна јахта долга 78 метри и изгледа од филмовите со Џејмс Бонд…
Концептирана од 34 годишна италијанска дизајнерка, Елена Напи, оваа јахта се движи низ водата како вообичаен брод, но може да се претвори и во целосно функционална подморница. Идејата зад овој радикален дизајн на јахти може да ве потсети на Наутилус и капетанот Немо, а звучи како совршена играчка на милијардер.
Декадентниот хибриден брод во моментов е во фаза на развој во Италија и се очекува да биде комплетиран до 2021 година. Според дизајнерката,Carapace има максимална пливачка брзина од 16 јазли, така што може да плови редовно, како и сите други јахти со димензии на едрење, додека може да се претвори во подморница со максимална длабочина од 300 метри.