Цената на Јамал вртоглаво расте по Европското: Еве колку чинат сега најскапите играчи во светот
Специјализираната веб-страница Transfermarkt, која се занимава со пазарните вредности на светските фудбалери, ги ажурираше цените по Европското првенство во Германија.
Традиционално, по секое големо натпреварување, пазарната вредност на бројните млади играчи, кои блеснаа на големата сцена, рапидно се зголемува. Така е и овој пат, а Трансфермаркт ги ажурираше вредностите на играчите кои настапија на Европското првенство.
Очекувано најголем пораст на цената доживеа сензационалниот млад Шпанец Ламине Јамал (17). Фудбалерот на Барселона блесна на Европското првенство и преку ноќ неговата цена порасна за цели 30 милиони евра.
Наместо досегашните 90 милиони евра, неговата цена во моментов е 120 милиони евра и тоа е најголем пораст на проценетата пазарна вредност.
На второто и третото место се Турчинот Арда Гулер и Италијанецот Рикардо Калафиори. Двајцата имаа вредност од по 30 милиони, а за време на еврото порасна за 15 милиони и моментално вредат по 45 милиони евра.
Има многу фудбалери чии цени по ЕП се зголемија за 10 милиони евра.
Станува збор за Родри (сега вреди 130 милиони евра), Нико Вилијамс (сега вреди 70 милиони евра) и Дани Олмо (сега вреди 60 милиони евра), Германецот Џамал Мусиала (сега вреди 130 милиони евра) и грузискиот голман Гиорги Мамардашвили (сега вреди 60 милиони евра).
Кога станува збор за најскапите фудбалери во светот, вкупно 19 од нив моментално вредат 100 или повеќе милиони евра. Највисока вредност имаат Џуд Белингем, Ерлинг Халанд, Винисиус Јуниор и Килијан Мбапе, сите од 180 милиони евра.
Извор: Sport.ba