Четврто светло на семафорот би можело да стави крај на бесконечните чекања на црвено светло ВИДЕО
Новата боја на семафорот засекогаш ќе го промени сообраќајот во иднината.
Научниците од Универзитетот во Северна Каролина предложија револуција во сообраќајот - воведување на четврто, бело светло на семафорот. Нивната идеја предвидува иднина каде што луѓето и автономните возила ги делат истите патишта, а паметните автомобили ја преземаат контролата врз раскрсниците.
Новото „бело светло“ би се вклучувало само кога има доволно самоуправувачки возила на раскрсницата. Тие возила би разменувале податоци меѓусебно и би го управувале сообраќајот заедно, додека сигналот до „човечките“ возачи би бил едноставна порака - следете го автомобилот пред вас.
Според истражување објавено во списанието IEEE, овој систем би можел да го намали застојот помеѓу 3 и 94 проценти и да ја зголеми ефикасноста на сообраќајот за дури 98,9 проценти во споредба со традиционалните семафори.
Црвената боја сепак би значела „стоп“, зелената „тргни“, а белата - „препушти го воланот на технологијата“.
Иако ќе поминат години пред таков систем да стане реалност, научниците тврдат дека тој би можел целосно да го промени начинот на кој се движиме низ градовите на иднината.