Чувал шише виски 17 години, кога го отворил научил многу болна лекција

Човек кој чувал шише Johnnie Walker Green Label виски цели 17 години доживеал разочарување кога конечно решил да го отвори – тапката целосно се распаднала.

Корисник на Редит ја сподели својата приказна која брзо привлече внимание кај љубителите на виски. 

Тој открил дека половина од тапката се заглавила во грлото, а остатокот се распаднал во шишето, оставајќи трошки плута во пијалакот. На крај морал целото виски да го процеди и прелее во друго шише.

Reddit 

Вискито било подарок од колега во 2008 година, кога управувал со тим инженери во една ИТ компанија. Во тоа време Green Label бил едно од највредните шишиња во неговата колекција, па одлучил да го зачува за „посебна прилика“. 

Но со годините неговиот вкус се развивал и се проширил со уште поретки вискија како Dalwhinnie, Laphroaig, Ardbeg и Blue Label, а Green Label останал заборавен на полицата.

„Научив важна лекција – вредноста на работите се менува со времето. Не треба да чекаме посебни прилики за да уживаме во она што го имаме“, изјавил тој за Newsweek.

Иако пијалакот и натаму бил добар, признал дека не бил сигурен дека вредело да се чува толку долго. 

Други корисници на Редит му дадоа совети – шишињата треба повремено да се вртат или да се чуваат на страна за да се хидрира тапката и да се избегне ваква ситуација.

Извор: Telegraf