Creative Hub Ве поканува на изложба во НЛБ Галерија

Утревечер со почеток од 19 часот ќе се одржи изложба во НЛБ Галерија на студентите од Академијата за графички дизајн и адвертајзинг.

Изложбата е под тема “Фотографии сликани со мобилен телефон”, како тема од предметот Фотографија кој се изучува на Академијата за графички дизајн.

Покрај стандардните принципи на фотографија, студентите имаат можност и да се стекнат со знаења и техники од областа на професионална фотографија со мобилен телефон која им донесе голем успех на блогерите ширум светот.

На изложбата кој ќе се одржи во просторот НЛБ Галерија, на НЛБ Банка, свои фотографии ќе претстават Сара Цветковска, Драган Николовски, Александра Јаневска, Александра Арсовска, Иван Костевски, Марија Попова, Матеј Мојсовски, Софија Друмчекова, Кристијан Малиновски и Ивана Дракулевска.

Настанот е отворен за јавноста и сите љубители на фотографија се поканети да присуствуваат.