Технологија // Технологија
Дали би живееле во ваква куќа која чини 4.000 долари?
Популарни во градежништвото се куќите кои можат да се испечатат со помош на 3D принтер.
Има модели од вакви куќи кои можат да се направат за 24 часа и кои чинат помалку од 4.000 долари.
На почетокот на оваа година, компанијата „Branch Technology“ го развила прототипот на изработка на 3D куќи, со големина од 93 метри квадратни, кои чинат 300.000 долари.
Но, во март годинава, компанијата „New Story“ која дизајнирала 3D принтери, ја претставила својата „прва 3D печатена куќа во Америка“, со големина од 35 квадратни метри, која чини околу 10.000 долари, а за изградба, потребни биле 48 часа.
3D принтерот „Vulcan“ работел со 25% брзина, поради што во компанијата верувале дека можат да направат куќа со големина од 37 до 74 метри квадратни, за 24 часа, која би чинела 4.000 долари или помалку.