Дочек на Нова година од 2 милиони долари за еден изгледа вака
Ако нешто се случува во Дубаи, тогаш веднаш знаете дека тоа нема да биде воопшто мала работа
Оваа изјава важи практично за сè - од фонтани, преку архитектура, храна и дизајн, сè до новогодишната ноќ. Пристигнувањето на Новата година автоматски станува грандиозно и навистина славенички ако сте во Дубаи, опкружени со највеличествените огномети околу секој агол и масовните забави што се одржуваат низ целиот град.
Сепак, МЕ Дубаи, хотел со потпис на Заха Хадид, сака да ја направи оваа новогодишна ноќ навистина зачудувачка за вас, така што гореспоменатиот огномет е мачкина кашлица за нив. Суперлативниот пакет за Нова година ќе ве чини 2,4 милиони долари, а секако, ќе им се допадне на најбогатите меѓу нас. Како најскап хотелски пакет во градот, тој вклучува престој во Suite ME, Bugatti Veyron Grand Sport Roadster, заедно со подарок- часовник од колекцијата Jacob & Co Bugatti Chiron.
Милионите што ќе ги потрошите на овој пречек вклучуваат три ноќи и спомени за цел живот, покрај автомобил и ексклузивен часовник. Престојот е секако инклузивен и нуди оброци за најмногу осум лица. Во цената е вклучен данок, а откажувањето на аранжманот не е дозволено.
Меѓутоа, ако сакате максимално да го искористите овој пакет без да ја поминете Новата година таму, тоа е исто така можно, бидејќи датумите се флексибилни, доколку ги имате претходно споменатите милиони.
Како што вели официјален портпарол на хотелот: „Овој пакет ги поместува границите на можното, вклучувајќи го и Bugatti Veyron Grand Sport Roadster, најбрзиот и најмоќниот родстер во историјата на брендот. Суперлативниот автомобил доаѓа со часовник од колекцијата Jacob & Co Bugatti Chrion Tourbillon, кој исто така се карактеризира со прекрасна сирова моќ и убавина на овој модел “.