ДОСТАВАЧ НА ХРАНА ВО ЛИФТ НАПРАВИ ПОТЕГ НА ГОДИНАТА! Смувал девојка со една реченица, сега му е сопруга!

Доставувач на храна од кинескиот град Шенјанг и наставничка од Алабама, Американка, денес делат живот полн со љубов и заеднички страсти – а сè започна со еден необичен гест во лифт.
Приказната за Лиу и Хана Харис покажува дека љубовта може да најде пат и тогаш кога најмалку очекувате.
Неочекувана средба во лифт
Сè започнало во ноември минатата година кога Харис, 30-годишна наставничка по англиски јазик која се преселила во Шенјанг за да работи во градинка, нарачала чинија нудли преку апликација за достава. Додека храната ѝ ја носел Лиу (27), млад доставувач од Шенјанг, се сретнале во лифтот.
„Здраво, те сакам“, ѝ рекол Лиу, борејќи се со англискиот јазик. Харис се насмеала, а тој момент станал симбол на нивната иднина заедно. И покрај почетната неспретност, насмевката го отворила патот кон комуникација, размена на броеви и првите пораки кои брзо прераснале во секојдневни разговори.
Љубов преку заеднички страсти
Парот брзо открил колку многу имаат заедничко. Харис сакала да научи кинески, додека му помагала на Лиу со англискиот. Тој ја освојувал со фотографии од своите мачки и видеа од хобијата – готвење и ролери. Нивната поврзаност се темелела на љубовта кон животните, храната и спортот, но и на искрената желба да ја запознаат културата еден на друг.
Викенди во природа и планови за иднината
Како што врската напредувала, Харис го придружувала Лиу на доставите, а викендите ги минувале истражувајќи ги селата и природата околу Шенјанг. Во тие заеднички моменти, нивната љубов станувала сè посилна.
До јануари, Лиу бил сигурен дека ја нашол личноста со која сака да го помине животот. На една станица во метрото ја запросил со дијамантски прстен, а за медиумите изјавил: „Иако не се познаваме долго, чувствувам дека е добра личност. Таа е онаа што ја барав.“
Свадба и благослов од семејствата
Два месеца по свршувачката, парот се венчал во родниот град на Лиу. Семејството на Хана Харис испратило видео-благослови од Америка, додека локалните пријатели и семејството на Лиу учествувале во прославата која обединила различни култури, јазици и обичаи.
Љубов над материјалното богатство
Лиу потекнува од сиромашно село и нема ниту куќа ниту автомобил, но Харис го уверила дека вистинската љубов не зависи од материјалното. „Ние сме сродни души“, рекол Лиу. Нивната приказна потврдува дека искрената емоција, разбирањето и заедничките страсти се посилни од сè што може да се купи со пари.
Извор: Еспресо