Единствениот ротирачки мост- брод- лифт на светот: Ова е чудо

Таканареченото Тркалото Фалкирк (Cuibhle na h-Eaglais Brice) е ротирачки бродски лифт во Тамфурхил, Фалкирк, централна Шкотска, кој ги поврзува каналот Форт и Клајд со каналот Унион.

Отворен е во 2002 година како дел од проектот Милениум Линк.

Проектот за регенерација на каналите на централна Шкотска и повторно поврзување на Глазгов со Единбург е финансиран со поддршка на седум локални власти, шкотската мрежа на претпријатија, Европскиот фонд за регионален развој и Комисијата за Милениум.

Тркалото ги крева и спушта чамците за 24 метри. Тркалото Фалкирк е единствениот ротирачки брод лифт од ваков вид во светот и е еден од двата работни лифтови во ОК.

Другиот е бродскиот лифт Андертон, изграден уште во 1875 година.

Погледнете ја оваа фасцинација: