Спорт // Спорт
Елиф Елмас едвај го одигра натпреварот: Со солзи во очите
Синоќа Елмас ги одигра последните 13 минути од дербито меѓу Наполи и Рома, а денеска се враќа во Скопје за погреб на неговиот дедо.
Според информацијата на „infosport.mk“, Елмас пред натпреварот со Рома дознал дека починал неговиот дедо.
И покрај тоа македонскиот фудбалер професионално си ја изврши задачата и одигра дел од мечот со Рома, но веќе денес се враќа во Скопје за да биде дел од погребот.
Од тоа што го има зборувано во минатото, Елмас бил многу близок со неговиот дедо.