Елиф Елмас со серизона повреда: Што се случува?

Натпреварот против Ерменија се игра на Кипар во среда со почеток од 18 часот. Потребен ни е само бод за пласман во Лига Б од Лигата на нации.

Меѓутоа, на вчерашниот меч против Естонија, Елмас поради повреда предвреме го напушти теренот. 

Неговиот настап против Ерменија беше под знак прашалник и тој дефинитивно нема да може да игра.

Утврдено е дека Елиф има повреда на бутниот мускул и ќе мора да се врати во Неапол каде ќе ја почне рехабилитацијата.

За мечот со Ерменија сме без Пандев, Барди, Алиоски, Адеми, Николов, Спировски, Ристевски и Димитриевски.

Од синоќа дополнително повикани се Мицевски, Трајчевски и Китановски.