Еве колку чини најскапиот машки парфем во светот

Откако ја создаде ултралуксузната „Billionaire Vodka“, дизајнерот Леон Верезе повторно е во центарот на вниманието со својата најнова понуда…
Задоволувајќи ги познавачите на луксузот, овој дизајнерски маг сега претстави уникатен парфем за сите господа на кои не им е грижа за цената. Именуван како „Billionaire Fragrance for Men“, овој парфем претставува егзотична варијанта на уметноста на создавање парфеми, а воедно е и најскапиот од ваков вид во целиот свет.
Со цена од неверојатни 2,25 милиони долари, парфемот доаѓа во форма на 1,5 литри од најчистиот Eau de Parfum. И додека содржи неколку хипнотизирачки ноти, процесот на производство зад него ја оправдува високата цена. При филтрирање, парфемот поминува низ дијаманти вредни неколку милиони долари. Скапоцените камења му даваат препознатливи ноти на мирисот, кои не можат да се споредат со ниту еден друг. Billionaire Fragrance доаѓа во елегантно шише, кое е украсено со 1.000 светкави дијаманти.
И додека декантерот од 1,5 литри можеби не е за секого, оние кои сакаат да го пробаат овој фантастичен мирис можат да се одлучат за обичната верзија на парфемот. Малку поевтина опција доаѓа во форма на 100 мл Eau de Parfum, во шише украсено со дрвена етикета потопена во мирисот. Со секое купување на овој парфем, купувачот добива и VIP картичка што ќе му овозможи директно да го контактира познатиот дизајнер, доколку случајно сака да проба некое од неговите ремек-дела.
И.С.