Фасцинантни сцени кои не се гледаат секој ден се снимени во Хрватска: Jато китови „уловени“ во близина на Вис
Видеото кое е споделено на каналот на YouTube Morski.hr
прикажува група од десет китови во близина на островот Вис во Хрватска
Иако појавата на китови во Јадранот не е толку изненадувачка, она што е невообичаено е што јато од десетина китови е снимено во водите кај Вис.
Снимката ја снимил Стефан Торес, а за Morski.hr изјавил дека за време на риболовот „ја доживеале неверојатната убавина на островот Вис од птичја перспектива со снимки од дрон“.
„Додека го снимавме кристално чистото море и вовлеченото крајбрежје, бевме сведоци на импресивна сцена на китови во нивното природно живеалиште. Бевме маѓепсани“, додаде тој.
Станува збор за голем северен кит кој веќе е виден на Јадранот. Тој е најблискиот роднина на синиот кит и после него е следното најголемо животно на Земјата.
Колегата на Торес, Бранимир Биочиќ, дополнително за Morski.hr објасни како настанале видеата: „Го снимивме вчера пред Комижа. И уште едно видео на кое подобро може да се види точната позиција каде се снимени. Прво, снимивме група на 3-5 единки, по 15-тина минути забележавме уште една со слична големина. Ова видео е снимено 20-тина минути по спојувањето на тие две јата, а тука има околу 10 единки“.
„Тие одеа од правец на Ластово кон Барјаци. Кога почнавме да ја снимаме таа прва група и ѝ пријдовме со дрон, тие нуркаа и ги немаше околу 10 минути. Пловевме по нив бидејќи не беа далеку од нас“, истакна тој.
Фото и Видео: Youtube