(ФОТО) Бодибилдерот Тоше Зафиров ужива на Ибица

Малку одмор од секојдневието за „човекот карпа“...

Со своите совршено дефинирани мускули, атрактивен е каде и да се појави. Нашиот најдобар бодибилдер Тоше Зафиров е на одмор на Ибица и максимално ги користи забавите за дружење. Постојано е на различни журки, но и во добро друштво. 

Едноставно, понежниот пол сака да се фотографира со него. На неколку фотографии позира со убави девојки од различни делови на светот. На одмор е заедно со својата сопруга Габи, која исто така го преферира бодибилдингот како животен стил.


Н.Т.