И двајцата се најдобри во она што го работат. Светски признати, а приватно добри пријатели
И покрај сложената работа која ја има, д-р Владимир Чадиковски, детски хирург, субспецијалист и детски кардиохирург, наоѓа време да се види со пријателите. Неодамна објави фотографија на социјалните мрежи на која е и Симон Трпчевски, нашиот најдобар пијанист. И двајцата се познаваат подолго време, па реткост е да се видат на една фотка брилијантни визионери, секој на свој начин најдобар во она што го работи.
Чадиковски и лани објави фотографија од Њујорк, ама овојпат со композиторот Дуке Бојаџиев и скулпторот Горазд Попоски.
Со ова Чадиковски ни кажува дека е голем поддржувач на македонската музика и уметност.
Н.Т.