ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија подобра од Шведска, Ранготов запиша два гола

Македонија подобра од Шведска со 3-1,  четврти натпревар од претквалификациите за пласман на СП 2024.

Со оваа победа  Македонија е  на  второто место во Групата 10 и е на чекор од обезбеди квалификации за мундијалски настап, за тоа да се оствари, Италија треба  да ја победи Шведска во последното коло на 9 март.

 Ранготов со два погодоци во 21. и во 26. минута донесе 2-0 за Македонија, потоа Шведска намали на 2-1 со голот на Диаз во 30. минута, а  Леовски во 39. минута ги постави конечните 3-1.

Македонија е на второто место со 4 бода,  Италија е прва со  7 бода.