Генијот на фудбалот што го допре рајот и пеколот: Кој беше Диего Марадона
Остави најголем белег во репрезентацијата на Аргентина и ги доведе до светска титула во Мексико во 1986 година...
Диего Армандо Марадона - единствениот, најголемиот аргентински син, симбол на фудбалот, е роден на 30 октомври 1960 година.
Целото семејство живеело во три соби, без проточна вода: Диего сениор и Тота, Диего јуниор, неговите четири постари сестри и трите помлади браќа и сестри.
Марадона брзо ја надмина локалната фудбалска средина, со 15 веќе играше за првиот тим на Аргентинос јуниорс, со 16 дебитираше во дресот на „гаучосите“, а со 19 години за прв пат беше најдобар играч во Јужна Америка.
По пет години во Аргентинос, во 1981 година се пресели во Бока јуниорс.
Иако навивачите на Бока сакаа тој да остане засекогаш, по само една сезона тој замина во Барселона, а потоа во Наполи каде освои две титули во италијанската лига и имаше статус на божество. Играше и за Севиља, а кариерата ја заврши дома, во Бока.
На натпреварот со Англија го постигна најпознатиот гол во историјата на фудбалот - славната Божја рака, како и официјално најубавиот погодок во 20 век.
Четири години подоцна, тој го одигра финалето во Италија со Италија.
Тренерската кариера ја започна во Текстил Манди, а потоа кратко го водеше Расинг и од 2008 до 2010 година репрезентацијата на Аргентина.
Тој исто така беше тренер на Ал-Васл, Депортиво Риестра, Фуџаира, Дорадос де Синалоа, а до крајот беше на кормилото на Гимназија Ла Плата.
Сепак, како тренер беше многу помалку успешен, дури и неуспешен.
Еден од најголемите фудбалери што некогаш го видел светот, исто така претрпе безброј удари и скандали низ годините што се заканија дека ќе го оцрнат неговото наследство засекогаш.
Кокаинот и алкохолот беа составен дел од неговиот живот, но како што изјави самиот Марадона, топката не може да се извалка.
И покрај сите негови инциденти и пороци, тој остана фасцинантна фигура во светскиот фудбал и спорт.
Почина од срцев удар на 60 години и светот не памети ваква фудбалска легенда.