Хеликоптетот како летечка чинија: Кинеско технолошко чудо
Кинескиот прототип на хеликоптер со футуристички изглед привлече огромно внимание само со тоа што стоеше на земја на воздушно шоу во Тијанџин, Кина. Хеликоптерот наречен Супер голема бела ајкула изгледа како НЛО.
Фотографии од овој кружен авион се појавија на Интернет пред петтата хеликоптерска изложба во Кина.
Иако во почетната фаза на дизајнирање, како што е наведено во описот на хеликоптерот на изложбата, овој авион ќе се напојува со напредни технологии што се користат во современите американски и руски хеликоптери.

Во описот , исто така се наведува дека успешно се применува нов „концептуален дизајн на пропелерите“ во дизајнирањето на хеликоптерот.
На напречен пресек на шема што кружи на Интернет во Кина, се прикажани двајца пилоти кои седат во кокпит поставен среде џиновски ротор, сместен во телото на хеликоптер, сличен на летечка чинија.
Гледањето на овој хеликоптер во воздух, би значело дека кинеските дизајнери конечно се справиле со предизвикот да направат функционален крстаречки брод, кој ги збуни западните изумители уште од Втората светска војна.
Најпознат меѓу сличните експерименти беше VZ-9 Avrocar, развиен од страна на Avro Canada во 1958 година како тајно оружје за време на Студената војна. Сепак, овој хеликоптер никогаш не ги надмина проблемите со стабилноста, затоа е суспендиран во 1961 година.