„Hublot“ ја претстави новата верзија од својот голф часовник
По првичното дерби пред две години, првиот механички голф часовник со бројчаник на отворање, доби нов изглед..
Брендот „Hublot“,
во соработка со Дастин Џонсон, пред скоро време го претстави часовникот „Big
Bang Unico Golf“ со прекрасна завршница со карбон-сина боја, што го надополнува
чисто белиот изглед на првиот модел, кој беше лансиран во 2017 година. Новиот „Hublot
Big Bang Unico Golf Carbon Blue Watch“ има мало куќиште со дијаметар од 45мм,
кој е многу комфорен и е доволно робустен.
Куќиштето на овој модел е создадено од тексалиум, што всушност претставува ултра лесен и супер силен материјал, што го создаде брендот„Hublot“, како комбинација од фиберглас и алуминиум, со тенок слој јаглерод. Овој материјал отстранува 100 грама од тежината на моделот, што го прави доста удобен за носење.
Часовникот го содржи механизмот „MHUB158“ со резервна енергија од 72 часа и три копчиња на позициите 2, 4 и 8 саати, кои им даваат можност на голферите да го запишат својот резултат. Првото копче ги брои потезите, додека бројот на дупките се прикажува на позицијата од 9 часот.
Копчето на позицијата од 4 часот ги бележи дупките, потезите кои ве водат до следната и го ресетира бројачот на потезите од 3 часот, додека истовремено води сметка за вашиот вкупен резултат преку прозорец поставен на позицијата од 6 часот. Последното копче на позицијата 8 часот, се користи за ресетирање на сите бројачи.
Комплетно скелетизираниот механизам „MHUB1580“ е преубаво изложен за да ве импресионира, но доаѓа со цена што одговара на неговата естетика. Новиот модел ќе чини 32.500 долари.