Тренд // Мода
Илинден, именден на манекенот со име и презиме како празникот
Беше еден од најпознатите манекени кај нас и со својата појава успеа да изгради статус на “мачо мен”
Тој е можеби единствен со името и презимето на празникот кој денес се слави. Манекенот Илија Илов е подолго време повлечен од јавноста. Живее во Америка со сопругата Елена и ќерката Лана и понекогаш знае да изненади на социјалните мрежи со некој поетски статус. Тој е автор на книгата “Пластични раскази”.
Илија е посветен на родителството но не така одамна го гледавме скоро во сите рекламни кампањи, во спотови, едиторијали, на ревии...
Се појави и во спотот за песната “Све је ово премало за крај” на нашиот Тоше Проески и со одлични актерски способности го одглуми неговиот лик.
Честит именден Илија и сите со истото име.
Н.Т.