Илон Маск претстави свињи со вградени чипови: Можеби и јас имам вградено (ВИДЕО)

Neuralink, почетната компанија на Илон Маск, воведе нова безжична технологија во мозокот на свињите, со цел во иднина да им помогне на луѓето кои имаат сериозни невролошки состојби и болести.

Во видеото што се емитува, милијардерот покажа три свињи со два чипови со големина на монета, вградени во нивните мозоци и ги опиша како „здрави и среќни свињи кои не се разликуваат од другите“.

Neuralink е во состојба да го предвиди движењето на животните со „голема точност“, додека тие трчаат на лента, користејќи ги податоците добиени од имплантантот, рече Маск, опишувајќи го сензорот како помал од прстот.

„Би можел и јас да го имам сега вградено, никој не би знаел“, мистериозно рече тој. "А можеби и имам".

Компанијата со седиште во Сан Франциско побара одобрение од Управата за храна и лекови на САД за проект во кој научниците развија мал имплант со повеќе од 3.000 електроди, прикачени на флексибилни нишки кои се десет пати потенки од косата и се способни да следат околу 1.000 неврони.

Компанијата се надева дека оваа иновација на некој начин може да доведе до изнаоѓање лек за невролошки состојби како што се Алцхајмерова болест, деменција и повреди на 'рбетниот мозок.

Маск рече дека имплантабилниот уред може „всушност да ги реши овие проблеми“, исто така споменувајќи и губење на меморијата, губење на слухот, депресија и несоница. Конечно, тоа би можело да ги поврзе луѓето со вештачка интелигенција.

Маск претходно предупредуваше на ризиците што ги предизвикува вештачката интелигенција, но рече во петокот дека имплантантот „ќе ја обезбеди иднината на човештвото како цивилизација“.

Првите студии ќе се фокусираат на пациенти со парализа или параплегија.

Повеќето најсовремени истражувања за поврзаноста помеѓу мозокот и компјутерите се прават на животни, бидејќи безбедносните предизвици и регулаторните бариери го спречуваат тестирањето кај луѓето.


извор:BIZLife