Каде Лeo слави Велигден? Тој ги купи околните куќи и го создаде Messi City

Прво купи куќа и големо парче земја во Кастелдефелс, 25 километри западно од Барселона, за 1,8 милиони евра, а потоа се зафати со изградба. На падините на Кастелдефелс изникна - Messi City

Фудбалскиот генијалец Лионел Меси (33) ја погодува топката поинаку од сите други во светот. И по карактер тој не е класична фудбалска ѕвезда. Сепак, неговата ненормална популарност го принуди да се издвои од соиграчите со избирање на местото каде што ќе изгради дом за своето семејство.

Повеќето sвезди на Барса живеат во областа Педралбес во градот. Близу до Ноу Камп, а сепак доволно далеку од љубопитните. Меси има доволно пари да купува по еден замок дневно во наредните 100 години, но тој реши поинаку. 

Одлучи да инвестира и да прилагоди сè како што сакаше неговото срце.

Прво купи куќа и големо парче земја во Кастелдефелс, 25 километри западно од Барселона, за 1,8 милиони евра, а потоа се зафати со изградба. На падините на Кастелдефелс изникна - Messi City. Едноставно, не може да се живее во мир. Премногу е популарен. Затоа, малку по малку, тој го купи земјиште околу своето.

Тој ја купил скоро секоја куќа во близина за да има мир. А, потоа во внатрешноста на имотот изгради сè што сака за децата, сопругата, сите роднини кои живеат со него и за миленичето. 

И токму ова е неговата оаза на мирот во која поминува празници и мирни денови од животот со своите најблиски, од каде поставува семејни фотографии за Божиќ, родендени, настани ... Па побрза во својот „приватен град“ и за Велигден каде моментално се одмара во кругот на семејството. 

View this post on Instagram

A post shared by Leo Messi (@leomessi)


И сите предности, но и недостатоци на животот што го живее и он и Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и слични ненормално популарни луѓе во остатокот од светот е тешко да се замислат. Тие не може да одат во првото кафуле за макијато или на пиво во мир, не може да скокне до првата продавница за нешто, не може да седи на пица во градот ... Па, затоа тие градат замоци и цели градови. 

Тие купуваат мир за себе и за своите деца, за своите семејства. И кога парите веќе не се проблем, тогаш барем нека таа изолација биде луксузна. Истото, претпоставуваме, ќе го стори секој што е во нивна позиција. Меси ги купи сите околни куќи, изгради фудбалско игралиште, базен и што се друго сакаше.


Фото: Твитер/Reuters Инстаграм/Leo Messi