Како да е жива: Ламбата ремек дело
Осветлувањето може да дојде во многу форми и големини, а светлината што ја емитува често пати е надвор од фокусот…
Всушност, најчесто самиот елемент за осветлување е главниот лик во оваа приказна. Специјално дизајнираните системи за осветлување можат да станат фокусна точка на еден простор, а новата серија на sидни лампи Nuclei го прави токму тоа. Овие надреални светилки оставаат силен впечаток на просторот и луѓето во него, без оглед дали се вклучени или не, но претрпуваат драматична промена кога ќе се промени нивната состојба.
Одејќи по тенка линија што дели футуристички и ретро дизајн, ламбите се инспирирани од науката и концептот на флуидност, од нивниот облик и дизајнот што се обвиткува околу нивните пластични школки.
Користејќи паметна оптика, фузија на два слоја полиолефински филм и процес на затоплување што ги нарушува различните бои меѓу двата слоја, ламбата создава космички визуелизации кои лесно ќе ви го привлечат вниманието, принудувајќи ве да ги разгледате поблизу за да ги запознаете.
Светилките се фиксирани на ѕидот и имаат речиси биолошка форма. Два дискови со кружни отвори што се испакнати од нивните центри се испреплетуваат едни со други, правејќи како „кожата“ на овој елемент да се протега низ рамката. Обликот на светилката потекнува од биолошкиот процес на митоза, односно поделба на клетките.