Каков погреб: Стриптизети правеа шоу на последното збогум

Сцени од погреб, во кои се вклучени стриптизети, веќе неколку дена кружат на Интернет

Девојките играа како да се забавуваат, подигнувајќи ја атмосферата меѓу ожалостените, а видеото собра неколку милиони прегледи на бројни социјални мрежи.

Поголемиот дел од видеото беше тотално збунувачко и ги остави без зборови гледачите, но на порталите има информации кои ја објаснија ова многу необична разделба.

Имено, на 31 јули, Мдудузи „Кардбери“ Зване, 26-годишник кој исто така играл стриптиз и егзотични танци, бил испратен во својот вечен дом, па очекувано на погребот пристигнале многу колеги.

Тие танцувале во негова чест, а од видеото се чини дека на семејството не му пречело.


Мдудузи „Кардбери“ Зване беше убиен кон крајот на јули и беше застрелан од непознати мажи во автомобил. Се‘ се случи во Преторија, град во Јужна Африка.


Фото и Видео: Инстаграм