Катарското метро: Архитектонско чудо на векот

Катар ја доби својата прва метро линија, пред Светското фудбалско првенство во 2022 година.

-Не верував дека во мојот живот ќе видам метро во Доха-рекол пензиониран работник од воздухопловната индустрија и истакнал дека сите се многу горди.


Како и бројни други корисници на метро, и тој го снимал возењето, направил селфи од возот и ја сочувал картата како спомен на тој историски момент.


Црвената линија ги поврзува стадионите на Ал-Вакраг и Лусали, каде ќе се играат натпреварите на Светското првенство 2022 . Другата линија е долга 40 км и го поврзува меѓународниот аеродром Хамад со центарот на Доха, но таа линија не е уште во функција.


Целата мрежа на подземна железница ќе биде отворена во 2020 и ќе има три линии, црвена, зелена и златна со 37 станици.

Жителите на катарската престолнина Доха навикнале на автомобили и на чести сообраќајни гужви па Кара рели, државната компанија за подземни железници, верува дека граѓаните со задоволство ќе користат метро како превозно средство.