Ќе ве „удри“ шок: Од што и како се прави Кока Кола
Во 1993 година, научникот Марк Пендерграст ја објави историјата на Кока-Кола во својата книга „За Бога, Земјата и Кока-Колата“ и ги наведе специјалните состојки што се наоѓаат во овој пијалок.
Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека морско оревче, коријандер, ванила и цимет се користат при правењето на вашиот омилен пијалок.
Имено, Пендерграст наишол на книга со тајна формула при пребарувањето во архивата Кока-Кола во Џорџија, која првично била во сопственост на д-р Ј.С. Пембертон, пронаоѓач на овој пијалок.
Додека лесно може да се добијат состојки како коријандер, сок од лимета и лимонска киселина, проблемот е во добивањето кофеин цитрат.
Како се изведува ова?
Иако пијалокот се произведува ширум светот, сирупот се прави само во САД.
Гигантот Кока-Кола ја ангажираше и компанијата Стефан од Илиноис, која е единствената на која и е законски дозволено да увезува лисја од кока во Америка. Таквите лисја, од кои обично се добива кокаин, се увезуваат од Перу.
Да, добро прочитавте, фармацевтската компанија извлекува кокаин од лисјата за нивна понатамошна обработка, а листовите потоа ги продава на Кока-Кола.
извор:krstarica.com