Коби Брајант со Горан Пандев: Една фотографија, милион емоции

Светот се уште не може да верува дека го нема повеќе... Легендарниот кошаркар Коби Брајант го напушти светот пред една година токму на овој ден, откако неговиот хеликоптер се урна, а во леталото беа уште девет лица кои ги загубија животите.

Заедно со Коби почина и неговата 13-годишна ќерка Џиана. Тие тргнаа кон спортската академија на натпревар, но никогаш не стигнаа до конечната дестинација.

Навивачите на Коби се збогуваа со легендата на Лос Анџелес Лејкерс на 24 февруари во „Стејплс центарот“ и оставија многу предмети кои беа поврзани со кошаркарот.

Коби цела кариера ја помина во дресот на Лејкерс, каде што 18 пати беше дел од Олстар-викендот, а со неговиот тим освои пет шампионски прстени и двапати беше најдобар стрелец во лигата.

Честа да се фотографира со него ја имаше и нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, и оваа фотка останува во историјата!