Коби и ќерката погребани тајно од очите на јавноста
Две недели по трагичната хеликоптерска несреќа, семејството Брајант се одлучило за приватен погреб, далеку од очите на јавноста. Чинот се случил на 7 февруари.
Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана биле погребани минатиот петок на приватна церемонија во Оринџ Каунти, Калифорнија.
Јавна комеморација е планирана за 24. февруари во Стејплс Центарот, датум кој е поврзан и со Коби и со Џиџи. Февруари е вториот месец од годината и го претставува бројот на дресот на Џијана 2. 24 е еден од двата броја на Коби Брајант.
„Ванеса и семејството сакаа приватна церемонија. Чинот беше исклучително тежок за сите, се уште им е тешко да сфатат дека ги загубиле нивните две прекрасни души“, изјави извор за „Ентертејмент Тунајт“.
Комеморацијата што ќе се одржи на 24 февруари ќе биде во чест на сите девет жртви од несреќата.