Коронавирусот ќе нè смени како вид, мора да се бориме за опстанок: Бразилски физичар за Си-Ен-Ен
Бразилскиот физичар и астроном Марсело Глејстер го коментираше коронавирусот за Си-Ен-Ен. Пред овој развој, неговата генерација, како и милијарди помлади и малку постари, успеаа да избегнат големи глобални кризи.
Минатата недела наполнив 61 година и сега, како и милиони други луѓе ширум светот, влегувам во категоријата со поголем ризик за коронавирус, коментира бразилскиот физичар и астроном за Си-Ен-Ен. За разлика од нашите родителите и дедовци и баби, продолжува Глејстер, ние не сме се соочиле со трагедијата за време на двете светски војни, ја избегнавме нуклеарната војна за време на Кубанската ракетна криза во 1962 година, а и Студената војна. Но, сега среќата ги напушти Глејсер и неговата генерација, а оваа 2020 година ќе биде запаметена како пресврт во човековата историја.
Со пандемијата коронавирус која со полна сила удира ширум светот, со неверување се гледа како бројот на мртви расте. Но, пандемијата е тука и ќе станува полошо пред работите да започнат да се подобруваат. Колку ќе станува полошо, зависи од сите нас, смета Грејсер. И тоа се добри вести.
„2020 година ќе биде запаметена како пресврт во човековата историја. Не само затоа што многумина ќе умра, утку затоа што пандемијата КОВИД-19 ни нуди можност за повторно да се пронајдеме себе. Војните ги присилуваа граѓаните на една нација да одговораат како еден. Кога граѓаните на една земја се нападнати, тие се мобилизираат за да се соочат со заедничкиот непријател. Откако САД се приклучи на Втората светска војна, градовите ги рушеа железните огради и собираа метален отпад за тенковите и оклопните возила, а во желба да се победи непријателот заедниците се натпреваруваа. Старавот ја поттикна акцијата“ - истакнува Грејсер и додава дека се соочуваме со глобален непријател.
„Тој своите мети не ги инфицира според верскиот, расниот, половиот или пак политичкиот избор, вирусот едноставно не внимава за карти и граници. Важно е да се нагласи дека сега сите сме потенцијални мети на вирусот, без оглед на тоа кои сме или каде живееме. Под студените леќи на природната селекција, животната драма се развива без никаков морален суд, а сето тоа се сведува на живеењето и репродукцијата“ - вели физичарот, па продолжува.
„Перверноста на пандемијата е во тоа што погодениот домаќин ја шири болеста, забрзувајќи ја смртта на својот сопствен вид. Кога еднаш ќе се заразиме, би можеле ненамерно да го убиеме секој кој ќе ни се најде на патот, вклучувајќи го и своето семејство и пријатели. КОВИД-19 ќе не промени како вид. Мораме да одговориме не само како нација која се бори против непријателот, туку и како вид кој се бори за својот опстанок. Вирусот нема да се избриша, но ќе предизвика невидена болка и губиток, ќе ги дестабилизира глобалните пазари и ќе направи пресврт во нашето секојдневие во надреален свет. Нашата ранливост и меѓусебна зависност се потполно изложение“ - истакнува Грејсер.
„На природата не и грижа за нашата ароганција. Малиот организам не тера да ги преиспитаме своите вредности, своите поделби и избори додека се затвораме во своите домови со членовите на семејството и размислуваме за тоа што следува. Можеме да почувствуваме тежина во нашите усти, додека замислуваме што ќе се случи доколку го изгубиме пристапот до интернет или останеме без храна и ресурси или уште полошо, доколку се заразиме со вирусот“ - продолжува овој астроном и физичар.
„Би било глупаво да не се прифати средишната порака на оваа наша ситуација, онаа дека мораме да се собереме за да преживееме, дека сме ранливи и покрај своите способности за создавање и уништување, дека племенските поделби кои ги дефинарале нашите морални одлуки во минатите милениуми мораат да бидат турнати настрана за наше добро“ - го повикува коментаторот на Си-Ен-Ен.
Влегуваме во ера на племенска доминација, во време кога нашиот вид ќе почне да делува како едно, како човекова кошница, и целиот свет ќе работи како член на живописна заедни на видови, а не како деструктивен паразит. Едно племе кое ќе ја прегрне различноста и општото добро.
„Веќе можеме да ги видиме знаците на будење. Во Италија, земјата во која владее губитокот, луѓето заедно пеат на балконите, славејќи го животот и заедништвото. Интернетот помага, дури и кога сме социјално оддалечени едни од други. На нашите деца ќе им недостасува училиштето, нивните пријатели и наставници. На нас ќе ни недостасуваат работните места, членовите на семејството, дружењето со пријателите“ - истакнува тој.
„Нашата глобална меѓузависност е од суштинско значење за нашиот опстанок и стабилноста на општеството, емоционална и практична. Каде би биле без нашите здравствени работници и оние кои нашите домови ги снабдуваат со енергија и греење, оние кои ги полнат полиците во продавниците и ги чуваат нашите улици“ - се прашува.
Грејсер на крајот истакнува дека мораме колективно да размислуваме како човекова кошница, а секој од нас има клучна улога. Првиот чекор е едноставен, да бидеме потчинети пред оние што не ги познаваме, да ја почитуваме природата и нејзината сила, да работиме заедно на зачувување на нашите животи и животите на нашите најмили, но и за животите на сите други во кошницата, млади и стари, да го славиме дарот на животот.