Легендарните Мик Џегер и Дејв Грол создадоа пост-пандемиска химна (ВИДЕО)
Легендарните
музичари Мик Џегер и Дејв
Грол ги здружија силите и создадоа пост-пандемиска химна, изненадувачки сингл
кој се осврнува на многу симболи и контроверзии што ги сретнавме за време на
ерата на Ковид, вклучувајќи локадун,
маски, апликации за TikTok и Zoom, дебелеење
во текот на карантин и анти – ваксери.
Песната се вика „Eazy Sleazy“ и е објавена денес на социјалната платформа Јутјуб, објави „Њујорк пост“.
„Сакав да ја споделам оваа песна што ја напишав по повод излегувањето од локдаунот, со многу посакуван оптимизам. Дејв, ти благодарам што скокна за тапани, бас и гитара, беше забавно да се работи со тебе на овој проект. Се надевам дека сите ќе уживаат во песната Eazy Sleazy“, изјави славниот фронтмен на Ролинг Стоунс, Мик Џегер (77).
Дејвид Грол (52) е американски рок-музичар, пејач и текстописец, а својата кариера ја започна во осумдесеттите години, неговата прва позната група беше Скрим, а подоцна беше тапанар во Нирвана.
По самоубиството на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, тој го основал Фу Фајтерс и работел со многу познати музичари.
Фото и Видео: Youtube