Спорт // Спорт
Лука Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната на Реал по поразот од Барса
Хаотична била атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид по поразот од Барселона во Купот на Шпанија, во главна улога биле Лука Модриќ и Антонио Ридигер.
Модриќ беше посочен за еден од виновниците за поразот откако даде ризичен пас кој го пресече Кунде и го постигна победничкиот гол за Барселона.
Антонио Ридигер пак беше бесен на судијата во финишот и го гаѓаше со мраз. Соиграчите едвај го задржаа за да не се случи поголем инцидент.
Двајцата нервозни фудбалери се пресметале во соблекувалната. Шпанските медиуми пишуваат за физичка пресметка меѓу Модриќ и Ридигер.
Наводно Модриќ му замерил на Ридигер за однесувањето кон судијата, па дошло до конфликт меѓу двајцата во кој реагирале соиграчи и членови на стручниот штаб за се спречи уште поголем инцидент.