Ма каква корона!!! Видете го Роналдо, го победи коронавирусот

Кристијано Роналдо извесно време беше надвор од терените поради тоа што беше потврдено дека е заразен со коронавирусот КОВИД-19. 

Тоа се случи веднаш по настапот за португалската репрезентација во Лигата на нации, а потоа беше во изолација. Роналдо по 20-тина дена успеа да го победи коронавирусот и доби дозвола да игра против Специја пред неколку денови. 

Португалецот го преседе првото полувреме на клупата кога резултатот беше 1:1, а потоа влезе во игра и даде два гола. Пред да влезе во игра ја соблече маицата и им покажа на сите дека короната не оставила никаков траг на него и дека е во добра физичка кондиција.