Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија со должина од еден километар, под површината на Дебарско Езеро. Ова е пионерски чекор во развојот на телекомуникациската инфраструктура во земјата и ќе овозможиподобра поврзаност и поквалитетна услуга за корисниците.
„Изградбата на најдобрата мрежа е наш приоритет. Инвестираме во најсовремените технологии и постојанонаоѓаме нови и алтернативни начини за ширење на оптичката мрежа. Со поставувањето на овој подводен оптички кабел, јапотврдуваме нашата посветеност да обезбедуваме најквалитетна и најсигурна услуга за нашите корисници и да бидеме чекор пред предизвиците на иднината.“ - изјави Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком.
Подводниот оптички кабел беше поставен во контролирана подводна траса, без копање и измени на околината, а процесот беше завршен брзо и ефикасно, во текот на еден ден, зачувувајќи ја притоа природната убавина на регионот.
Нашите тимови го поставија кабелот со поддршка на специјална нуркачка екипа од Грција, со искуство во поставување подводни кабли за телекомуникациски услуги во рамките на Дојче Телеком.
Овој проект, во кој се користат алтернативни начини за ширење и зајакнување на оптичката инфраструктура, дополнително ја зацврстува позицијата на Македонски Телеком како лидер во примената на нови технологии за најдобри телекомуникациски услуги во Македонија.