MAX&Co ја претставува пролетната, но и ексклузивната капсулна колекција &Co.LLABORATION во Ramstore Mall

Со доаѓањето на пролетта, во нашата продавница MAX&Co. во Ramstore Mall – приземје, пристигнаа новите колекции кои ја слават индивидуалноста, припаѓањето и беспрекорниот стил.
Покрај редовната сезонска понуда, горди сме што ја претставуваме и ексклузивната &Co.LLABORATION: FOUND FAMILY, капсулна колекција во соработка со реномираниот стилист Лоренцо Посоко.
Инспирирана од духот на „избраните семејства“ – каде што најважно е чувството на припадност – колекцијата нуди „вечни парчиња“ кои ги бришат границите помеѓу класичното и неконвенционалното. Визуелната инспирација доаѓа од модните едиторијали од 90-тите години, со акцент на минимализмот, чистите линии и унисекс дизајн кој го надминува времето и половите.
Лоренцо Поссоко, познат по својата работа со врвни музички ѕвезди и светски изданија како The New York Times, Vanity Fair, Rolling Stone US и Highsnobiety, ја носи својата визија директно од светската модна сцена во оваа уникатна соработка.
Колекцијата вклучува елегантни фустани, блузи, здолништа и кожни чанти – сите достапни ексклузивно во нашата продавница во Ramstore Mall, приземје.
Ве покануваме да ја откриетекапсулната колекција што внесува светски моден дух во Скопје!