Мажи vs. жени: “АСЛ, ПЛС”

„Гњавење е гњавење, без оглед дали е облечено во сукња или пантолони“.... Каква комуникација остваруваме на социјалните мрежи? Ана Бунтеска и Божидар Божиновски Моџо имаат фантастични ставови во кои многумина ќе се пронајдат.

Ана Бунтеска

Како своевиден вовед на фејсот и останатите социјални мрежи, беше познатиот МИРЦ, кој во мое време беше ептен популарен. Божо, со оглед на тоа дека си помлад од мене (деценија и кусур не е за потценување), не знам дали имаше можност да го користиш. Нејсе, за разлика од фб, на мирц сите беа со измислени имиња и колку памтам никој немаше фотографија (кој се сеќава подобро, нека ме поправи). Е, на тој мирц муабетите секогаш почнуваа со “asl, pls”, демек “ age, sex, locaton, please”. Не бев активна, оти за разлика од сега кога има wifi, тогаш имаше малку поинаков пристап до нет, односно требаше ем време, ем беше толку гласно дедека се поврзуваше што мислам дека ечеше цела зграда, а башка и беше изгор скапо. После се’ се измодернизира, па дојдоа другиве социјални мрежи или некако му идеше ко шведска маса за возрасни. Слики, имиња, презимиња, родендени, слави, крштевски, венчавки...но, она што не се смени е пристапот. Ок, сега не се прашува за години, пол и од кај си, оти Марк го има тоа така склопено да секој за секого има увид, освен фамилијата која е обавезно блокирана за да не гледа што шутраци сме некогаш по мреживе.

Шведската маса или месинџерот ја докусури приватноста. Секој секому може да пише што ќе му се присака, со тоа што како олеснителна околност му иде она дека дел од пораките се во спам или како барање. Но, останува тоа дека голем дел од жените по фб се жалат на секакви пораки, со секакви содржини. Ок, жена сум и сум добивала пораки од мажи и жени. Со дел од нив сум се запознала и сме пријатели, со некои сум разменила само 2 реда муабет дали за песна, книга, а како што тоа секогаш бива, ми се случувало да имам и многу интересни пораки. Само ќе нафрлам неколку содржини, како што се: ај на кафе; си за малку младо месо; секс?; добра милфица (на ова не можев да издржам и одговорив дека некој и за мајка му мисли така, па тој мене ме блокираше....како да ви кажам, боли за мама); дај да ти ги видам стапалата (ова со стапало-фетиш ми е најсмешно, оти немам однос кон стапала, а башка ко за жена многу ми се мажествени прстите на нозете)....па има и останати фетиши како што се клипчиња со мастурбација, фотографии од полови органи, барање за да си играме роб и господарка. Интересното е што сите овие биле со измислени имиња, лажни профили, додека оние кои си имале слики и се гледало од профилот дека е вистински, останувале на онаа културна порака за кафе. Не ми биле јасни и оние кои на моите пријателки им пишуваат со месеци и не се откажуваат па има: здр., здраво, еј, како си, здр., здр., тука си? и сето тоа во континуитет. Како беше онаа поговорка која не можам органски да ја поднесам “не е**т убавите, туку упорните”. Бљак!

Дали само ние жените го имаме овој “проблем?” (во наводници, оти за мене не е проблем, тоа се’ оди на блок ако ме замара) или и вие мажите се соочувате со жени кои не знаат дека и молкот е одговор? Дали и вам ви се случува онака ничим изазвани хооооооооооп, слика од голи гради или од половина надолу? Дали ви се случува некоја упорно и упорно и УПОРНО со месеци да се обидува да стапи во некаков контакт, притоа не сфаќајќи (или не сака да сфати) дека не сте заинтересирани за комуникација? Ме интересира затоа што некако многу повеќе жените зборуваат на овие теми и се создава слика дека вие сте оние кои замараат. Но, што ако мажите не зборуваат оти едноставно им е незгодно да кажат дека одбиваат секакви понуди, затоа што тогаш другарите ќе им речат дека се папучари, шапшали, лигуши...или можеби е само џентлменство во прашање? А можеби и нешто трето...не знам.

Како и да е, ме интересира од машки аспект како постапувате во вакви случаи, дали блокирате, прифаќате игра, се фалите или едноставно ставате на ignore? Оти гњавење е гњавење, без оглед дали е облечено во сукња или пантолони.

Моџо Килингтон

Немаше на мирц слики, најблиску беше опиши се. Што даваше можност за креативно да се иразиш и сите мани да ги направиш подобро да изгледаат. За разлика од сега ко половина научија напредно ниво на Фотошоп да не изгледаат како што изгледаат па не можеш да ги познаеш. „Еј ме виде, а не ми напрај муабет“. Госпожа прво толку ми е лош видот шо на регрутација ми пишаа „ако имаме атомска бомба тебе ќе ти ја дајме да ја активираш, веројатно ќе погодиш нешто“, а второ си пеглана и штиркана на сликата, не знам од дома дали те познаваат. Не беше то муабетот а? Добро. Комуникација на интернет. Или лекцијата од седмо одделение каде интернетот беше опишан како „глобално село“ што не е далеку од вистината – не зборувај со странци. Пошто не сме седмо и зборуваме со странци да видиме како оди тоа. За полесно да ти одговорам ќе поделам по категории.

Здраво/Како си?/Шо прајш?

Често добивам вакви пораки и на сите враќам од едноставна причина што не знам од другата страна како се чувствува личноста. Можеби е осамена, депресивна и треба муабет. Нема да ми се скрши раката ако вратам и ако направам муабет. Од такви банални почетоци настанале многу интересни муабети со девојки кои инаку не би ги сретнал, нит би направиле муабет. Убавината на интернетот е што можеш да комуницираш со цел свет, што порано беше ограничено само на твое маало, град, факултет и слично.

Уште не ја разбирам одбивноста на девојките кога некој ќе и пише здраво. Или ќе праша како си. Не мора да е сѐ понуда за секс. А не можам да го сфатам и малтретирањето што многу девојки го трпат ако не вратата после 17 zdr, kako si kukle. Ако не ти вратила на 16 zdravo mace нема ни на 17-тото.Во ред е, не сака да комуницира со тебе и то е то. Ништо страшно. Не е ни курва, ни за пцуење. Во таа смисла жените се повеќе мета на напади, шо сакам да вервам дека се изолирани случаи.

Нудс

Конечно нешто интересно Ана! Дур од „Како си?“ до нудс требаат неколку дена, од „Ај на кафе“ може и побрзо, директно нудс од машка перспектива не е воопшто ни страшно ни незгодно. Не знам некој да се пожалил „Ми пушти цицки во инбокс, ме истрауматизира“. Секоја чест девојко за храброста да споделиш.

Проблем со ова е само што досега ми се има случено да ме прашаат дали ми пуштаат. Еднаш реков „Да“ и демек да виделе. Нормално дека не видоа, затоа пазете кај пуштате (што значи пуштајте само кај мене). Такви работи не се чуваат во телефон, во пораки, никаде од едноставна причина што можеш да го загинеш телефонот, да ти го украдат и да уништиш нечиј невин живот поради немарност.

Покрај само голото тело во нудс има и некоја поинкава близина да го видиш она што другите не го гледаат, поголема блискост. Не е само гради или задник или вагина... Подлабока конекција е.

За овие шо ти пуштаат свашта, а и општо има едно правило кое треба да се придржуваме. Тоа што не би го кажал и направил во живо немој ни на интернет. Дали во живо би дошол да се запознаеме? Да. Дали би те викнал на кафе? Да. Дали при тоа би бил без пантолони и гаќи со курот в рака. Во никој случај. Затоа и тие манијакални пориви на лажни профили се само за игнорирање.