Меси и Роналдо во аут: Ги нема на листата на најдобри

Во конкуренција за наградата најдобар фудбалер на годината според изборот на Европската фудбалска федерација ( УЕФА) се номинирани Кевин Де Бројне од Манчестер сити и двоецот на Баерн Роберт Левандовски и Мануел Нојер.

Но, првпат по 10 години на листата ги нема Лионел Меси и Кристијан Роналдо, единствените двајца играчи кои таа награда ја освоиле во последната деценија.

Де Бруоен во трката влегува како најдобар играч во минатата сезона во Англија, а конкурентите од Баерн ја освоија Лигата на прваци, па изборот ќе биде неизвесен.