Михалел Шумахер е втор: Еве кој е најбрз F1 возач на сите времиња
Организацијата на Ф1, во соработка со веб- сервисот Амазон, спроведе истражување и откри кои се најбрзите возачи на овој спорт на сите времиња ...
Иако многумина мислат дека Луис Хамилтон е најдобриот досега и дека ќе ги сруши сите рекорди, не е точно дека тој е најбрз. Истражувањата ги користат алгоритмите од сите квалификации од 1983 година, а од друга страна ги отстрани релативните перформанси на автомобилите од оваа равенка. Така, се добиени вистинските брзини на возачите во однос на автомобилите што ги возеле.
На прво место се најде легендарниот Аиртон Сена, кој ја освои титулата најбрз Ф1 возач на сите времиња. На второ е уште една легенда, Михаел Шумахер, кој според истражувањето е за 114 илјадити побавен од Сена. Хамилтон беше само на третото место, бидејќи го има досега најдобриот автомобил од сите возачи.
Младиот Макс Ферстапен беше на четвртото место, а потоа следуваа Фернандо Алонсо, Нико Розберг, Чарлс Леклерц, Хаики Ковалаинен, Јарно Трули и Себастијан Фетел.
Инаку, „Газета дело Спорт“ денес пишува дека неврологот Ерик Риедерер во документарниот филм на францускиот „ТМЦ“ открива нешто за состојбата на Шумахер.
Шумахер беше на одмор на Алпите кога при скијањето падна и доживеа тешка повреда поради удар со главата во карпи. Животот му го спасила кацигата која ја носел, доколку бил без неа тешко дека ќе преживеел. Беше и во кома долго време...
„Дише, буден е, срцето му е во нормален ритам…Веројатно може да седи и да направи мал чекор со нечија помош. Но, тоа веројатно ќе биде толку. Повредите кои ги доби се тешки. Се плашам дека ова е најдобрата состојба во која може да биде. Тој е во вегативна состојба. Буден е да, меѓутоа не реагира на разговор“, тврди Риедерер.