Моите беа богати, ама изгубивме сè: Милош Биковиќ за семејството и братот монах
рпскиот актер Милош Биковиќ, во моментов најактуелен на Балканот со хит серијата „Јужен ветар“, е еден од најплатените актери во Русија. Тој во интервју за тамошниот магазин „Esquire“ објасни детали од својот приватен живот, а и за односот со мајката и братот.
Постариот брат на Милош, Михаило Биковиќ е старешина во манастир.
- Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција. Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога. Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува актерот кој живее на релација Русија- Србија.
Неговата мајка имала различен пристап кон актерската кариера на Милош.
- Нејзе мојот успех не ѝ е многу важен. веруваше дека ќе станам глумец, но не ме храбреше доволно во тоа. Кога мојата кариета тргна во нагорна линија, таа ме поддржа.
Тој откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.
- Растев во Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Мојата фамилија некогаш била многу богата, но после Втората светска војна поради нацонализацијата изгубивме сè. Тато некогаш беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не живеев богат живот. Мојот брат го почувствува тоа- раскажа Биковиќ во интервјуто.