Не е Аркан: Кој е првиот маж на Цеца?
Неколку провокативни наслови кружат на Интернет и една фотографија од Цеца и Харо. Сите овие текстови се сведуваат на приказните кои кружеле помеѓу луѓето за љубовта помеѓу Цеца и Харо.
Вистината е сосема поинаква и порталот „aura.ba“ ексклузивно ги објавуваат деталите за свадбата на Цеца, реакцијата на нејзините родителите и приказната за тоа како Харо Самарџиќ завршил во логорот Батковиќ, покрај Бијељине.
Зборовите на Цеца на југословенско - унгарската граница во 1993 година и денес му одѕвонуваат во ушите: „Харо, ова е за твојот живот“.
Во 90 - тите години на минатиот век, југословенската државна унија веќе ја губеше силата. Најголемите ѕвезди живееја и работеа како да не го слушаат звукот на оружјето од Белград, Загреб, Сараево.
Во тие години, хит ѕвезди беа Цеца, Брена, Весна, Драгана, Шемса, Синан... Цеца имаше само два снимени албуми. По „Цветак зановетак“, со Кемиш и Зорица го направи албумот „Волим те“, кој посебно се издвоија песните „Пустите ме да га видим“ и „Купуј ми мајко ципелице на штиклице“.
Најголема заслуга за тогашните успеси на Цеца имаше нејзиниот музички продуцент Добривоје Доца Иванковиќ, а со него и сараевскиот новинар Екрем Милиќ, со чие семејство, семејството Величковиќ биле пријателни.
Како малолетно девојче Цеца на сите свои концертни настапи ја следеле нејзините родители Слободан и Мира. Цеца во тие години била популарна во Босна и Херцеговина, отколку во Србија. Дури ги организирала и првите солистички концерти во помалите домови на култура или на отворените простори во Сараево, Олово, Власеница, Какањ...
Благодарејќи на пријателството со новинарот Екрем, кој и организирал турнеи и во странство, Цеца започнала да добива ангажмани и во Сент Гален, во дискотеката „Таноа“, чиј газда бил Есо Самарџиќ. Првото гостување и било во мај 1991 година и со неа патувал нејзиниот татко Слободан. Направила одлична забава, па Есо ја ангажирал и во септември... Повторно со неа патувал татко ѝ. И тогаш Цеца ќе го оправда својот хонорар од 7.000 франци.
Тогаш се договориле и за дочекот на Новата година (1991). За хонорарот во износ од 40.000 франци Цеца забавувала гости во две дискотеки, бидејќи една од друга биле одалечени околу 30 минути возење по швајцарско - автриските автопатишта. Едната била во сопственост на Есо, а другата на неговиот брат Харо Самарџиќ, кој се занимавал со спорт. Во 80 - тите години бил еден од попознатите фудбалери во Швајцарија.
Таа најлуда ноќ 31.12.1991/1.1.1992 година ќе биде и првата во која со Цеца не бил нејзиниот татко, кој останал во родниот град. Наседнал на приказната која му ја продале Есо и Екрем. Го убедиле дека нема потреба да патува со Цеца и да плаќа авионски трошоци. Подобро би му било да штеди пари и што е можно побрзо да го отплатат станот што го купиле во Белград од Бранимир Џокиќ и Далиборка Стојшиќ.
Втората половина од декември 1991 година Цеца ја поминувала во Сараево. Престојувала кај Екрем Милиќ со чие семејство одлично се сложувала. Оттаму отпатувале за Сент Гален. На 3 јануари 1992 година ќе заѕвони телефонот во станот на новинарот Милиќ. На другата страна на телефонската линија бил таткото на Цеца: „Не ми е проблем што Цеца се омажила за Муслиман, туку што замина за оженет човек“ - видно возбуден зборувал татко на пејачката.
„Дури тогаш ќе сфатив дека ја играа оваа игра и ме измамија и Цеца и Харо и мојата сопруга... последен дознав, како и Слобо за таа љубов. Харо и Цеца беа во сериозна врска околу половина година, а го криеја тоа од нас“ - раскажа за aura.bа Екрем Милиќ. Тој мисли дека Цеца и Харо ја имале првата брачна ноќ на декември 1991 година во хотелот „Холидеј ин“.
Харо поради Цеца ја остави сопругата Анка која, по некоја случајност е Нишлика, како и „цветак зановетак“. Како што велат, живееја во идилична заедница се до летото 1993 година, кога Жељко Ражнатовиќ - Аркан се појави во нивните животи.
Како и од каде се најде тој во целата оваа приказна, тешко дека ќе се дознае некогаш.
Цеца и Харо таа 1993 година се упатиле кај родителите на Цеца. Тој имал швајцарски документи и немал никакви национални предрасуди. Прекрасно го пречекале родителите на Цеца.
Харо и Цеца ќе ги разделат непознати луѓе, маскирани во војнички униформи. Тие двајца престојувале во хотелот „Славија“. Следното утро требало да летаат за Цирих.
„Слушнав само лупање во вратата на хотелската соба. Мислев дека е послуга. Станав, ја отворив вратата и здогледав маскирани луѓе. Почнаа да ме удираат... На ништо не се сеќавам“ - ни раскажа Харо, кој денес живее во вонбрачна заедница со една докторка од Загреб.
За тортурите низ кои минувал скоро три месеци може да напише роман. Харо со незадоволство се потсетува на нив. Вели, дека бил во логорот „Батковиќ“ покрај Бјелица, дека секојдневно го тепале и го држеле гладен и жеден. Станал коски и кожа, цели 46 килограми.
„Едно утро во логорот се појави Цеца. Беше со два џипа. Ишишана кратко, со мене не проговори ниту збор. Ме ставија во едниот џип со горили, а таа беше во првиот. Тогаш ми поминуваа најмрачните мисли низ глава. Застанавме на југословенско - унгарската граница. Цеца тогаш излезе, ми даде 1.000 марки, пасошот и останатите документи, ми ја пружи раката и ми кажа: „Харо, ова е за твојот живот. Јас останувам тука. Ти оди по својот пат... Вака е најдобро. Не сакам да те носам на душа.“