Не е сцена од некој филм, реално е, постои и верувале дека го претставува влезот во подземниот свет
фото:PROFIMEDIA
Ценотите се природен феномен кој може да се види само на едно место во светот - полуостровот Јукатан.
Според некои проценки, на полуостровот ЈУКАТАН има над 3.000 подводни пештери познати како ценоти, од кои само 1.400 се проучени и документирани. Тие претставуваат природни јами или длабнатини исполнети со вода, создадени од уривање на варовнички карпи. Тие се познати по тоа што водата во нив често е многу чиста, бидејќи водата полека се филтрира низ земјата. Интересен факт е дека првите истражувања на овие необични формации биле спроведени дури во 1987 година, но оттогаш тие со својата убавина привлекуваат бројни туристи и истражувачи.
Повеќето може да се најдат по должината на потегот помеѓу Канкун, Тулум и ривиерата на Маите, при што Сак Актун, Ок Бел Ха и Дос Охос се издвојуваат како трите најдолги подводни пештерски системи во светот. Сите ценоти се создадени од дејството на природата и можат да бидат отворени, полуотворени и затворени, а врз основа на оваа карактеристика може да се каже колку се стари. Најмладите се затворени, а најстарите се отворени.
Терминот доаѓа од зборот „tsʼonot“ кој некогаш го користеле Маите за да именуваат која било локација со пристапна подземна вода. Тие, исто така, сметале дека ценотите ги претставуваат влезовите во подземниот свет - исто така познат како Ксибалба, и затоа претставувале свети места.
Нивната убавина претставува уметничко дело на природата кое нуркачите од целиот свет активно го истражуваат, уживајќи во нивните кристално чисти и тиркизни води, на чија површина се рефлектираат бројни сталактити и сталагмити. Додека ја истражувал нивната убавина, нуркачот Мартин Броен направил фотографии кои изгледаат како да се направени на друга планета.
фотографиите погледнете ги ОВДЕизвор:nationalgeographic