Не сте ни свени за нив: 6 навики кои ја носат сиромаштијата во вашиот живот
Иако можеби не сте размислувале за тоа, многу луѓе кои имаат исти примања како вас живеат на потполно различен начин од вас. Подобар или полош.
Некои со план и паметно трошење успеваат да заштедат доволно пари, а други едвај составуваат крај со крај.
Сиромаштијата доаѓа во животот, ако ги следите овие 6 навики.
1. Секојдневно кукање за сиромаштијата
Луѓето кои немаат пари често се жалат за овој проблем и константно зборуваат за тоа со своите пријатели и роднини. Оваа навика развива самосожалување, па луѓето почнуваат да веруваат дека таквата ситуација е безнадежна и никогаш нема да се промени. Постојаното кукање и недостаток на волја и труд ги спречуваат нешто да променат, па затоа ваквите луѓе се проблематични и неуспешни.
2. Фрлање пари на моментални задоволства
Многу луѓе без размилување трошат пари на кратки задоволства кои траат само 10-20 минути, како купување кафе од кафемат, пиво, чоколади, цигари. Размислете добро- ако работите цел месец од понеделник до петок, и секој ден купувате кафе за носење од 50 денари, тоа се 1000 денари на месечно ниво, а дури 12.000 денари годишно. Секако дека не треба да се откажете од сѐ, но овие ситни задоволства навистина влијаат на вашиот буџет.
3. Ненадејно купување
Овој вид на шопинг извлекува дури три пати повеќе пари од паричникот од планираната сума за пазарење. Истражувањата покажуваат дека најмногу пари одат на акции и попусти на работи кои вистински не ни требаат, но ги купуваме поради намалување на цената и моќниот маркетинг кој вели дека таква прилика не се пропушта.
4. Недостаток на план
Никој не може да заштеди пари тукутака, мора да има цел- да се штеди за автомобил, за реновирање на станот, за одмор, за нов мебел... Мора да се има финансиски план, според кој се одредуваат приоритетите, до кои ќе мора да се придржувате.
5. Кредитни картички
Кредитните картички се сјаен начин моментално да добиете пари кои не ви требаат. Но луѓето кои често ги користат се осудени на големи трошоци. Иако ратите не ви изгледаат скапо, кога ќе се собере каматата, вие сте на поголем трошок.
Ова е всушност филозофија на сиромашните. Низ бредираните работи сакаат да им се доближат на богатите, односно на нивниот начин на живот. Затоа денеска имаме луѓе со просечна плата и мобилен телефон вреден колку нивни четири месечни плати, кој го отплатуваат цела година. Некои луѓе попрво ќе изберат 10 години стар автомобил од ексклузивна марка, отколку некој нов од помалку популарна компанија.