Нема навивачи, а?! Гол маж го прекина натпреварот од Лигата на Европа
Се играше петтата минута од натпреварот, и иако немаше
гледачи на трибините, имаше на теренот. Додуша, тој набрзо беше отстранет од
теренот, но Гранада и Јунајтед мораа да почекаат малку за да биде отстранет
„ловецот на слава“.
Не е Виталиј Здоровецки или неговата поранешна девојка, но тој е непознат некој без облека на теренот во четврт-финалето на Лига Европа на мечот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед!
A naked man just ran across the pitch and rolled around during the Europa League fixture between Granada and Manchester United. #GRAMUN #UEL pic.twitter.com/SyQmTrQJ3j
— KwakuPoku (@kway_bumaye) April 8, 2021
Фудбалерите мораа да го чекаат господинот кој реши да покаже се‘ што има за да излезе од теренот откако го фати безбедносната служба, а откако беше извлечен од теренот, му дозволија уште еднаш елегантно да оди до излезот.
Не им пречеше премногу на фудбалерите кои го продолжија натпреварот, а гостите од Англија на крајот славеа со 2-0 (1-0).
Фото: Reuters/PIXSELL