Нешта кои зрел маж никогаш нема да ѝ ги направи на својата жена

Иако сите мажи сакаат понекогаш да бидат детинести, постојат моменти кога нивната зрелост мора да дојде до израз.
Нормално е секој од нас да се стреми да биде зрел и сериозен, бидејќи таквите мажи се успешни во животот. Жените, пак, велат дека повеќе преферираат зрели мажи, бидејќи со нив знаат на што се и никогаш нема да бидат „завлечени“.
Одлучивме да ви ги претставиме 6 знаци кои на жените јасно им покажуваат дали некој маж е доволно зрел. Еве што зрел маж никогаш нема да направи:
1. Никогаш нема да го критикува нејзиниот изглед
Зрел маж го почитува изгледот на секого. Никогаш нема да каже „Треба да ослабеш“ или „Подобро ти стои руса коса“.
2. Не го нарушува приватниот простор
Тој има доверба и ѝ дозволува на својата партнерка да „дише“. Никогаш нема да ѝ го нарушува приватниот простор со прислушување разговори или проверување пораки.
3. Не бега од проблеми
Незрелите луѓе не умеат да се соочат со проблемите. Зрел маж секогаш ќе се соочи со обврските и предизвиците.
4. Не се плаши да покаже емоции
Зрел маж не се срами да покаже чувства, дури и ако тоа значи солзи.
5. Мисли на иднината
Тој гледа поширока слика и работи за подобро утре, наместо да живее само за моментот.
6. Ги почитува своите пријатели
Вистинските пријатели се најважни, а зрел маж секогаш ќе ги заштити и ќе им покаже почит.